Корисничко име Лозинка Пријави се
10.6.2013

Луис Енрике нов тренер на Селта

Само по неколку часа по договорното раскинување на соработката со тренерот Абел Ресино, во шпанскиот фудбалски прволигаш Селта именуваа нов тренер – 43-годишниот Луис Енрике.

На поранешниот играч на Реал Мадрид и на Барселона тоа ќе му биде трета различна тренерска работа во кариерата. Претходно го тренираше вториот тим на Барселона и Рома, чија екипа ја напушти во мај минатата година.
„Луис Енрике ќе ја тренира Селта во следните две сезони“, потврди клубот од Виго преку „Твитер“.
Сезонава Селта едвај избори опстанок во Примера лигата завршувајќи на 17-тото место, еден бод над зоната за испаѓање.

Најнови вести