Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2013

Вилја заврши во болница поради камен во бубрегот

Давид Вилја, 31-годишниот напаѓач на Барселона и на шпанската фудбалска репрезентација, е примен во болница во каталонската престолнина поради нефролитијаза, односно создавање бубрежни камења.

Вилја во неделата беше меѓу стрелците во убедливата победа на Барселона против Хетафе (6-1), во 23-тото коло на Примера лигата. Меѓутоа, вчера поради силни болки заврши во болница. Според соопштението што го објави неговиот клуб, вчера тој имаше третман за отстранување на бубрежните камења.
Со оглед на тоа дека не се знае колку време ќе му треба за да закрепне, настапот на Вилја кај Гранада следниот викенд моментно е под знак прашалник.

Најнови вести