Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2013

Вилја повторно заврши во болница

Давид Вилја, 31-годишниот шпански фудбалски репрезентативец во редовите на Барселона, повторно заврши во болница поради проблемот со бубрежни каменчиња.

Минатата недела Вилја беше меѓу стрелците во победата од 6-1 на Барселона над Хетафе, во натпреварот од 23-тото коло на Примера лигата, а еден ден подоцна заврши во болница поради болки во стомакот. Иако од болница излезе веќе во вторникот по малиот хируршки зафат, сега болките му се вратија, па повторно му беше потребна медицинска нега.
Поради споменатите проблеми, Вилја најверојатно нема да игра во сабота на натпреварот од 24-тото коло на Примера лигата на гости кај Гранада.

Најнови вести