Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2015

Бејл и Пепе ќе ја пропуштат Гранада

Герет Бејл и Пепе, фудбалерите на Реал од Мадрид, се под знак прашалник за натпреварот против Гранада од 29-тото коло на Примера лигата, пренесува шпанскиот весник „Ас“.

Пепе се здоби со повреда на мускулот пред десет дена во Ел Класико со Барселона, додека Бејл се повреди на натпреварот на репрезентацијата на Велс против Израел во квалификациите за Европското првенство.
Карло Анчелоти, тренерот на фудбалерите на Реал, блиску е до донесување одлука да ги одмори нив и во стартната постава да им даде шанса на Рафаел Варан и Хесе.
Натпреварот меѓу Реал и Гранада се игра во недела, од 12 часот, на „Сантијаго Бернабеу“.

Најнови вести