Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2014

Капарос нов тренер на Гранада

Гранада за шеф на стручниот штаб го именуваше Хоакин Капарос, само по еден ден откако тој искусен стручњак ги напушти редовите на Леванте.

Клубот од Андалузија, кој опстанокот во Примера лигата го обезбеди во последното коло, со Капарос потпиша договор на две години, со опција соработката да биде продолжена.
Во богатата тренерска кариера 58-годишниот Капарос, покрај Леванте, ги водеше: Мајорка, Ксамакс, Атлетик Билбао, Ла Коруња, Севилја, Вилјареал и Рекреативо Уелва.

Најнови вести