Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2013

Се повреди Чаби Алонсо и отпадна од составот на Шпанија

Докажаниот фудбалер за врска на шпанската фудбалска репрезентација, Чаби Алонсо, отпадна од тимот за пријателскиот натпревар против Уругвај поради проблем со препоните.

Алонсо по натпреварот во Андалузија против Гранада во саботата побарал лекарска помош, по што е утврдено дека Шпанецот нема да има време да заздрави до средбата со Уругвај, која е на распоредот за следната недела.
 Селекторот на „фуријата“, Винсенте дел Боске, веќе објави дека местото на Чаби ќе го пополни фудбалерот на Атлетико Мадрид, Марио Суарес.

Најнови вести