Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2013

Во Барселона се враќа Чави, но ќе ги нема Вилја и Адријано

Чави Ернандес, фудбалерот за врска на Барселона, ќе биде подготвен за гостувањето кај Милан во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Чави поради повреда на задниот дел на бутниот мускул не играше во последните два натпревари од шпанското првенство, против Хетафе и Гранада, но сега целосно закрепна и неговото име се најде на списокот со патници за Италија. Но, на „Сан Сиро“ нема да настапат Адријано, кој во Гранада излезе од игра во 38-та минута, исто така поради повреда на задниот дел на бутниот мускул, и напаѓачот Давид Вилја.
Најдобриот стрелец во историјата на шпанската репрезентација минатата седмица двапати заврши во болница поради проблеми со бубрежни каменчиња. Сега е добро, но со оглед на тоа дека неколку дена не тренираше, стручниот штаб одлучи да го поштеди од настапот во Милано.

Најнови вести