Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2016

Перез: Валенсија го допре дното

Енцо Перез, капитенот на Валенсија, изјави дека смета дека неговиот тим го допрел дното со ремито со Гранада на домашен терен.

Навивачите на „Месталја“ по натпреварот го исвиркуваа сопственикот Питер Лим, кој во изминатите неколку години најавуваше амбициозни резултати на тимот.
Валенсија се наоѓа дури на 16-тото место во Ла Лига со 11 бодови од 12 натпревари, но се очекуваше дека ќе ја победи барем последнопласираната Гранада, единствениот тим без победа во првенството.
„Не играме како што тренираме, многу е тешко. Го допревме дното во секоја смисла. Бод е слаба утеха бидејќи мораме да победуваме за да напредуваме на табелата. Мораме да бидеме посилни дома. Со ваква игра тешко ќе освојуваме бодови. Допуштаме евтини голови коишто не смеат да се примаат во Ла Лига. Мораме да ги поправиме грешките. Ако некој може да нè извлече од оваа ситуација, тоа сме ние, играчите“, изјави Перез.
Валенсија во следното коло гостува кај третопласираната Севилја.

Најнови вести