Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2014

Ливерпул го испрати на заем Илори кај Гранада

Тијаго Илори, 20-годишниот португалски одбранбен фудбалер на Ливерпул, до крајот на сезоната ќе игра на заем во Гранада, потврдија „црвените“.

Фудбалерот на „Енфилд роуд“ дојде минатото лето од Спортинг Лисабон, но засега не успеа да се наметне во екипата на Брендан Роџерс. Поради тоа, испратен е на заем за да достигне минутажа во силна лига.
Илори е роден во Лондон, но досега играше за младата португалска репрезентација, додека сè уште го чека премиерниот настап за сениорската.
Иако засега не се наигра во Ливерпул, Роџерс тврди дека пред него е светла иднина.
„Доведувањето на Илори беше знак на грижа за иднината на клубот. Тој навистина е талентиран играч“, изјави Роџерс.

Најнови вести