28.9.2016 Гранада го отпушти тренерот
Фудбалскиот клуб Гранада го отпушти тренерот Пако Хемез. Андалузискиот клуб соопшти дека само по шест одиграни кола, остана без шефот на стручниот штаб.
Причината е очигледна, Гранада по шест одиграни кола во Примера лигата, нема ниту една победа, туку две ремија и четири порази.
Хемез во досегашната тренерска кариера ги водеше: Алкала, Кордоба, Картагена, Кордоба и Рајо Валјекано.
Тој е веќе трет тренер во Примера лигата кој е сменет од стартот на првенството, откази веќе добија Пако Ајестаран во Валенсија и Марселино во Вилјареал.