Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2013

Алкараз нов тренер на Гранада

Шпанскиот клуб Гранада соопшти дека за нов тренер го именувала Лукас Алкараз.

Тој на таа функција ќе го замени Хуан Антонио Анкела, кој вчера доби отказ поради серијата од лоши резултати.
На Алкараз тоа ќе му биде втор престој на клупата на Гранада, а претходно оваа екипа ја водеше од 1995 до 1998 година.
Оваа сезона тој го водеше Арис од Солун, а претходно ги има тренирано: Алмерија, Кордоба, Рекреативо Уелва, Мурсија, Ксерес и Сантандер.
Екипата на Гранада моментно се наоѓа на 17-тото место на табелата на Примера лигата, со два бодови повеќе од Осасуна, која е во зоната на испаѓање.

Најнови вести