Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2016

Осасуна го отпушти тренерот

Фудбалскиот клуб Осасуна го отпушти тренерот Енрике Мартин поради лошиот почеток на сезоната, пренесоа шпанските медиуми.

„Клубот воочи потреба за да се донесе ваква одлука. Сакаме да му се заблагодариме на Мартин за напорот и посветеноста и да му посакаме среќа, бидејќи тој и како играч и како тренер остави голема трага во овој клуб“, се наведува во соопштението на клубот од Памплона.
Осасуна по 11 одиграни кола, се наоѓа на претпоследното место на табелата на шпанската Примера лига и има само седум бодови.
Мартин (60) е долго поврзан со клубот, во којшто во текот на играчката кариера беше 11 сезони и одигра повеќе од 250 натпревари. Ова му беше трет период како тренер на Осасуна.
Името на новиот тренер дополнително ќе биде објавено.

Најнови вести