Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2012

Пујол ја скрши јаболчната коска

Карлес Пујол, искусниот 34-годишен стопер на Барселона, ја скрши јаболчната коска во вчерашната средба од второто коло на шпанското фудбалско првенство на гостувањето кај Осасуна.

До повредата дојде во последните моменти од средбата, која Барселона ја доби со 2-1, откако се судри со Ролан Лама, играч на Осасуна.
Иако Пујол натпреварот го заврши на теренот, подоцна лекарите утврдија дека дошло до фрактура, а колку е тешка повредата, ќе се утврди денес по деталните прегледи.
Во секој случај, многу е веројатно дека Пујол ќе го пропушти реваншот на Суперкупот на Шпанија против Реал Мадрид, кој на распоредот е во среда.

Најнови вести