Корисничко име Лозинка Пријави се
01.11.2014

Бејл ќе го пропушти натпреварот со Гранада

Герет Бејл, велшкиот фудбалер на Реал Мадрид, ќе го пропушти денешното првенствено гостување во Гранада поради тоа што сè уште не закрепнал од повредата на стомачниот мускул.

Шпанските медиуми најавуваа дека Бејл е подготвен да се врати на теренот, но сите дилеми околу неговиот настап ги отстрани Карло Анчелоти, тренерот на кралскиот клуб.
„Повредени се Бејл, Куентрао и Хесе, а под знак прашалник се Пепе и Модриќ. Имаме мали проблеми со повредите на последните двајца, а одлука дали ќе настапат во Гранада ќе донесеме по денешниот тренинг“, изјави Анчелоти за шпанските новинари.
Бејл веќе го пропушти натпреварот на Лигата на шампионите и победата во Ливерпул, како и Ел Класико против Барселона минатата сабота и средбата од Националниот клуб.
Реал Мадрид на табелата на Примера лигата заостанува еден бод зад лидерот Барселона, а против Гранада има шанса да забележи рекордна 11-та победа по ред во сите натпреварувања.

Најнови вести