Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2016

Бејл мора да оди на операција, ќе се врати дури во 2017

На Герет Бејл, еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, ќе мора да му биде извршена операција на глуждот по повредата во натпреварот против Спортинг во Лигата на шампионите.

Бејл на теренот ќе се врати дури во 2017 година, пренесува „Марка“.
Велшанецот ќе пропушти серија важни дуели, почнувајќи од Ел Класико против Барселона, потоа одлучувачкиот натпревар против Дортмунд за првото место во групата во Лигата на шампионите, како и Светското клупско првенство.
Тој оваа сезона на 16 натпревари постигна само седум погодоци.

Најнови вести