Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2016

Бејл: Чудно е да се игра на празен стадион

Реал Мадрид неочекувано ремизираше 3-3 во Варшава, пропуштајќи ја шансата на две кола пред крајот на групната фаза да избори пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Мадриѓаните водеа со 2-0 против Легија, а потоа едвај се спасија од пораз со погодокот на Матео Ковачиќ пет минути пред крајот на средбата.
„Не сме задоволни од резултатот, мораме да научиме нешто од ова и да се вратиме уште посилни. Го контролиравме натпреварот, а потоа на 2-0 изгубивме концентрација. На ова ниво таквите работи се казнуваат“, изјави Герет Бејл.
Велшанецот постигна спектакуларен погодок уште во првата минута од натпреварот, кој беше одигран пред празни трибини во Варшава.
„Мораме да бидеме подобри во одбраната и посигурни во реализацијата во нападот. Треба да учиме од своите грешки. Ова беше чуден натпревар, посебно бидејќи стадионот беше празен. Но, тоа не смее да биде изговор“, додаде Бејл.
Реал има осум бодови, два помалку од Борусија, која се пласира во втората фаза, а пет повеќе од Спортинг од Лисабон, кај кого гостува во следното коло на 22-ри ноември.

 

Најнови вести