Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2015

Елче сепак ќе игра во Сегунда лигата

Фудбалскиот клуб Елче ќе игра во претстојната сезона во Сегунда лигата откако Високиот суд ја одби неговата жалба поради исфрлањето од Примера лигата поради даночни долгови.

Минатиот месец беше објавено дека Елче ќе испадне од Примера лигата иако сезоната ја заврши на 13-тото место и со тоа обезбеди опстанок.
Благодарение на таквата одлука, најмногу доби Еибар, кој беше прв под линијата, но наредната сезона ќе игра во Примера лигата.
Судот за арбитража во спортот претходно овој месец ја одби жалбата на Елче, па клубот одлучи да се жали пред редовниот суд.
Но, и покрај тоа што Елче ги реши своите даночни долгови, судот не ја променил одлуката, па клубот ќе игра во второто според ранг натпреварување.
Елче на одлуката на судот одговори изјавувајќи дека нема да се откаже од зачувувањето на своето место во елитата, додавајќи дека ќе направат сè што е во нивна моќ, а во согласност со законот, за да ги заштитат своите интереси.

Најнови вести