Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2014

Санчес петто засилување за Астон вила

Досегашниот фудбалер на шпанскиот прволигаш Елче, Карлос Санчес, потпиша четиригодишен договор со Астон вила, соопшти премиерлигашот.

Во соопштението не се прецизирани деталите на договорот, а англиските медиуми шпекулираат дека цената на трансферот на фудбалерот од средината на теренот е околу 6 милиони евра.
Дваесет и осумгодишниот Санчес играше за репрезентацијата на Колумбија на Светското првенство во Бразил и за националната селекција досега има 44 настапи.
Тој е петто засилување за Астон вила во летниот преоден рок, а менаџерот на клубот од Бирмингем, Пол Ламберт, верува дека Колумбиецот ќе ѝ помогне на екипата да оствари подобри резултати отколку минатата сезона кога завршија на 15 позиција.
„Мораме да ги поправиме резултатите од минатата сезона. Мислам дека оваа година имаме посилен тим. Во март го победивме Челзи и бевме 12-ти на табелата, а после тоа не можевме никого да победиме. Сега мораме многу подобро“, изјави Ламберт.
Санчес во 2005 година ја почна кариерата во уругвајскиот Ривер Плата, во 2007 потпиша за Валенсиен, а минатата година прејде во Елче.

Најнови вести