Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2014

Примера лига: Барселона не би можела да игра ако Каталонија се отцепи

Хавиер Тебас, претседателот на Примера лигата, ја растресе фудбалската јавност во Шпанија со изјавата за порталот „Ас“ дека Барселона не би можела да се натпреварува во шампионатот доколку Каталонија се отцепи од остатокот на земјата.

Овој регион со децении води борба за стекнување независност од остатокот на Шпанија поради културните и јазичните разлики.
Фудбалскиот клуб Барселона долго е симбол на независноста на Каталонија и Хавиер Тебас, првиот човек на Примера лигата, е јасен во тоа дека не би имал право да се натпреварува во првенството под јурисдикција на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, според постоечките закони.
„Не сакам да шпекулирам околу неможностите. Каталонија секогаш ќе биде Шпанија“, изјави Тебас за „Ас“ и додаде:
„Не сум загрижен само за Барселона, туку и за Настик, Хирона, Еспањол, Љагостера и Сабадељ. Ако спортските прописи останат исти, тие, исто така, не би можело да се натпреваруваат во шпанските лиги“.
Тебас понуди решение:
„Ќе мораме да го промениме правилникот. На пример, Андора се натпреварува во лигите под наше покровителство бидејќи постои закон кој го дозволува тоа. Во прашање е клаузула. Во принцип, Барселона не би можела да се натпреварува во Примера лигата без донесување на внатрешнодржавен договор“, заврши претседателот на шпанската Примера дивизион.

Најнови вести