Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2014

Милош Красиќ на заем во Елче

Милош Красиќ, српскиот интернационалец и фудбалер на Фенербахче, наредната сезона ќе игра на заем за шпанскиот прволигаш Елче, објави турскиот клуб.

Дваесет и деветгодишниот Красиќ во Фенербахче стигна во 2012 година од Јувентус, но не се избори за статусот првотимец, па беше испратен на заем во француската Бастија, каде што минатата година одигра 18 натпревари и постигна два погодоци.
Красиќ зенитот на кариерата го достигна играјќи за ЦСКА Москва, чиј дрес го носеше од 2004 до 2010 година.
За репрезентацијата на Србија фудбалерот одигра 46 натпревари и постигна три голови.

Најнови вести