07.3.2016 Барселона е сè поблизу до титулата, „стотка“ на МСН
Фудбалерите на Барселона продолжија да чекорат кон 24-тата шампионска титула откако во 28-то коло во Примера го победија Еибар на гости со 4-0.
Каталонците во Еибар играа без суспендираниот Нејмар, но тоа не им пречеше лесно да стигнат до 23-тата победа во сезоната.
Тимот на Луис Енрике сега е на чело на табелата и има 72 бодови, 11 повеќе од Атлетико и 12 повеќе од Реал Мадрид.
Ова беше 36-ти по ред натпревар во сите натпреварувања ви кои Барселона не загуби, а неверојатното трио Меси, Нејмар и Суарес веќе стигнаа до 100 голови оваа сезона.
Одличен старт е значително им ја олесни работата на шампионот на Европа и Шпанија во Еибар, бидејќи веќе во осмата минута Мунир по одличната комбинација на Меси и Суарес на втората статива лесно погоди за 1-0.
Во продолжението на првиот дел домаќинот одолеа но не издржа до одморот, во 41-та минута Меси со препознатлива акција погоди за 2-0 и речиси уште тогаш го реши натпреварот.
Во продолжението немаше дилеми. Меси во 76 минута искористи пенал откако Рамис играше со рака,а триумфот го завери Луис Суарес шест минути пред крајот.