Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2017

Реал значително ослабен за натпреварот со Еибар

На Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, нема да му биде ни малку лесно да го состави тимот за претстојниот натпревар со Еибар, со оглед на тоа дека нема да може да смета на добар дел од играчите.

Кристијано Роналдо поради полесна повреда нема да биде во протоколот. Герет Бејл поради црвениот картон кој го доби на минатиот натпревар, ќе ги пропушти наредните два натпревари, што значи нема да игра против Еибар, но и против Бетис.
Алваро Мората исто така ќе мора да ја одработи казната поради двата жолти картони, па поради тоа ќе биде надвор од протоколот.
Под знак прашалник е и Даниел Карвахал поради ударот на последниот тренинг, додека од претходно надвор од редовите е Рафаел Варан.
Поради отсуството на клучните играчи, се очекува во нападот на кралскиот клуб да настапат Лукас Васкез, Родригес и Бензема.
„Ова не ни е најдобриот момент во сезоната. Вакви периоди се случуваат. Мораме да останеме мирни и да продолжиме да работиме“, изјави Зидан.
Натпреварот меѓу Еибар и Реал Мадрид се игра денес, од 16.15 часот.

Најнови вести