Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2015

Барселона со резервистите против Елче

Тренерот на Барселона ќе одмори дури деветмина стандардни првотимци, а на списокот за реванш-натпреварот од Купот против Елче смести дури шестмина играчи од втората екипа на Барса.

По победата на Барселона со 5-0 во првиот натпревар, тренерот на Каталонците ќе одмори дури деветмина стандардни првотимци. Единствени двајца играчи од последниот натпревар против Атлетико коишто ќе играат против Елче се Жерар Пике и Иван Ракитиќ. На списокот нема да бидат: Браво, Алба, Алвес, Маскерано, Бускетс, Иниеста, Меси, Нејмар и Суарес, а повредени се Чави и Вермелен.
За  натпреварот конкурираат: Тер Штеген, Масип, Монтоја, Дуглас, Пике, Диагне, Бартра, Матје, Халиловиќ, Адријано, Ие, Рафиња, Серхи Роберто, Гумбау, Педро, Адама и Мунир.

Најнови вести