Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2013

Пике: Натпреварот на Реал беше комедија

Во средбата од шестото коло на шпанската Премиер лига фудбалерите на Реал од Мадрид со многу тешкотии успешно го завршија гостувањето кај новиот прволигаш Елче, кого го совладаа со 2-1.

Еден од подобрите играчи на Реал на теренот веројатно беше судијата Сесар Муњис Фернандез, кој во продолжението буквално на Реал му подари пенал, кој подоцна Кристијано Роналдо го претвори во погодок за 2-1.
Туркањето на Карлос Санчез и Пепе во шеснаесетникот на домаќинот го означи како пенал, иако единствено мораше да досуди фаул во напад, ако требаше што било да се досуди во тој случај.
Коментари за овој натпревар сигурно ќе следуваат и нема толку брзо да се заборави, а еден на својот профил на „Твитер“ напиша Жерар Пике, играчот на Барселона.
„Гледав вистинска комедија на натпреварот на Реал“, напиша шпанскиот репрезентативец.
Барселона и Атлетико со сите шест победи имаат по 18 бодови на врвот на табелата, додека Реал е на третото место со два бода помалку (пет победи и реми).

Најнови вести