Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2015

Елче исфрлен од Примера поради долгови, Еибар на негово место

Досегашниот член на шпанската Примера дивизија, Елче, е исфрлен во втората лига поради неплатени долгови, а неговото место ќе го заземе Еибар, соопшти Професионалната лига на Шпанија.

Елче, кој сезоната ја заврши на 13-тата позиција е казнет поради тешко прекршување на шпанскиот Закон за спорт и Правилникот на лигата и со дополнителна парична казна од 180.000 евра, соопшти Лигата.
Елче, кој се наоѓа во близината на Аликанте во југоисточниот дел на Шпанија претходно соопшти дека ќе се жали доколку биде исфрлен во Втората лига поради даночен долг за кој тврди дека ќе биде регулиран до крајот на јули.
Баскискиот клуб Еибар прв пат играше во Примера минатата сезона и во последното коло испадна од лигата со пласманот на 18-тото место на табелата со 35 бодови.

Најнови вести