Корисничко име Лозинка Пријави се
08.9.2016

Жештина во Шпанија, се одложуваат натпреварите од Примера?

Натпреварите од шпанската Примера лига можно е да бидат одложени овој викенд поради големата жештина.

Хавиер Тебас, претседателот на шпанската прва лига, изјави дека некои натпревари можеби нема да се играат ако температурите бидат превисоки.
Тој за шпанските медиуми изјави дека фудбал не може да се игра на 36 или 37 степени.
Во Шпанија викендов се очекуваат многу високи температури, а оваа недела температурата во некои градови достигна и до 40 степени и не се спуштала многу дури ни во текот на ноќта. Тебас додаде дека на судиите им било советувано во повеќе наврати да ја прекинуваат играта за да може фудбалерите доволно да пијат течност во текот на натпреварот.

Најнови вести