Корисничко име Лозинка Пријави се
28.10.2015

Маскерано суспендиран на два натпревари, ќе игра на Ел класико

Хавиер Маскерано, играчот за врска на Барселона, е суспендиран на два натпревари поради исклучувањето на средбата со Еибар, па ќе може да игра на Ел класико против Реал Мадрид.

Маскерано минатата седмица, во текот на првенствениот натпревар со Еибар (3-1) доби директен црвен картон поради навреда на помошниот судија.
Тој се соочуваше со суспензија од четири натпревари, но доби поблага казна, па ќе ги пропушти дуелите со Хетафе во гости и со Вилјареал на „Камп ноу“.
Маскерано ќе му биде на располагање на тренерот Луис Енрике за Ел класико со Реал Мадрид, на 21-ви ноември на „Сантијаго Бернабеу.
Барселона нема да се жали на суспензијата.

Најнови вести