Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2015

Роналдо напредува на вечната листа на стрелците, Касилјас во „клубот 500“

Вечер за славење и за рекорди за Реал Мадрид кој без многу проблеми го совлада Елче во натпреварот од Примера лигата, а дополнителна причина за славење имаа Кристијано Роналдо и Икер Касилјас.

Португалецот со погодокот во 69-тата минута ја потврди победата, но и напредуваше на клупската листа на стрелците на сите времиња. На Роналдо ова му беше 290-ти гол за Реал Мадрид во сите натпреварувања и со тоа го престигна Карлос Сантилјан (289 погодоци).
Пред Португалецот, со 15 голови повеќе е Алфредо ди Стефано (305), додека со 33 голови е оддалечен од најдобриот Раул Гонзалес (323).
Икер Касилјас го одигра 500-от натпревар во Примера лигата, како и 710-от во сите натпреварувања, а стана и член на Реал со најмногу победи во националниот шампионат. Голманот на кралскиот клуб се радуваше во 328-от натпревар.

Најнови вести