Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2012

Виланова утре ќе потпише двегодишен договор

Тито Виланова, поранешниот помошник на Пеп Гвардиола, утре ќе потпише двегодишен договор со Барселона, пренесоа шпанските медиуми.

Промената на клупата на Барселона позната е уште од 27-ми април, кога Гвардиола најави дека ќе си замине од клубот поради заситеност.
Новиот тренер на „каталонците“ ќе заработува седум милиони евра годишно, пишува шпанската „Марка“.
Виланова во сезоната 2007/08 го водеше тимот Б на Барселона, а од 2008 до 2012 година му беше помошник на Гвардиола.
Вниманието на јавноста го сврти минатата година по скандалот со Жозе Мурињо, тренерот на Реал, кога Португалецот по расправиите на едно дерби му го пикна прстот во окото.
Во текот на играчката кариера Виланова играше за Бадахос, Фигуерес, Селта, Леида, Елче и Граменет, а беше член и на вториот тим на Барселона.

Најнови вести