Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2014

Чезена го отпушти тренерот

Италијанскиот фудбалски клуб Чезена вчера го смени тренерот Пјерпаоло Бизоли поради слабите резултати во досегашниот дел на сезоната.

Чезена минатиот викенд изгуби со 3-2 од Аталанта во Бергамо и се наоѓа на претпоследното место на табелата само со осум освоени бодови.
„Се заблагодаруваме на Бизоли и на неговиот стручен штаб за почитувањето и за неверојатните резултати во сезоната 2012/13, кога успеа да нè спаси од испаѓање во Серија Б“, се наведува во соопштението на клубот.
Бизоли на клупата на Чезена би можело да го наследи поранешниот играч и тренер на младинскиот тим на клубот, Давиде Балардини.

Најнови вести