Корисничко име Лозинка Пријави се
11.5.2012

Луис Енрике и Рома се разделуваат

По апсолутно разочарувачките резултати на Луис Енрике што сезонава ги оствари на кормилото на Рома, тој одлучи дека е најпаметно да го напушти клубот, пишуваат италијанските медиуми.

Шпанскиот стратег најави заминување од Вечниот Град веднаш по завршувањето на сезоната, односно по натпреварот со Чезена, во склоп на последното коло од италијанската Серија А, кој се игра во недела.
Неговата епизода во редовите на „волчицата“ траеше само една година, а заминувањето е последица на лошите резултати, бидејќи со Рома тој сезонава освои само педесет и три бодови, што е дваесет и осум помалку од шампионот Јувентус, и со осмото освоено место на табелата следната година ќе остане без европските натпреварувања.
Тој во Рим пристигна од тимот Б на Барселона, а своевремено играше и за каталонскиот клуб.

Најнови вести