Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2012

Јувентус го откупи договорот на Џакерини

Италијанскиот шампион Јувентус денес соопшти дека го откупил договорот на играчот од средината на теренот Емануеле Џакерини од Чезена.

Репрезентативецот на Италија беше во заедничка сопственост на двата клуба бидејќи Јувентус минатото лето ѝ плати на Чезена три милиони евра, а сега додаде уште 4,25 милиони, се наведува на интернет-страницата на клубот од Торино. Џакерини потпиша договор до 30-ти јуни 2015 година. Тој минатата сезона за актуелниот шампион на Серија А одигра 27 натпревари и постигна три голови.
Џакерини моментно е со репрезентацијата на Италија на Европското првенство во Полска и Украина, каде што вечерва ќе се дознае името на ривалот во четврт-финалето.

Најнови вести