Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2012

Калјари пак го отпушти тренерот

Калјари го отпушти Давиде Балардини, што е 15-та промена на тренер во Серија А во оваа сезона, а трета за клубот од Сардинија.

Калјари реагираше по два дена откако изгуби со 6-3 од Наполи. Тимот сега се наоѓа на шеснаесеттото место на табелата, едно место над зоната за испаѓање.
Масимо Челини, претседателот на Калјари, во август минатата година, пред почетокот на сезоната, го отпушти Роберто Донадони и го доведе Масимо Фикаденти, кој беше отпуштен во ноември.
Меѓутоа, Фикаденти и понатаму е под договор и сега би можело да се врати и да ја води екипата во преостанатите 11 натпревари сезонава. Клубот нема објавено кој ќе го преземе првиот тим.
Калјари со Балардини имаше учинок од четири победи, шест нерешени резултати и седум порази.

Најнови вести