22.1.2016 Палермо го отпушти тренерот и најде замена
Италијанскиот тренер Давиде Балардини го заврши својот втор мандат во Палермо откако доби отказ, потврди прволигашот.
Балардини го напушта клубот од Сицилија по конфликтот со играчите, а ќе го замени Аргентинецот Гиљермо Барос Скелото.
Балардини поради прераното прекинување на соработката ќе биде на платниот список на Плермо сè додека не најде нов тим, што е честа пракса на претседателот Маурицио Ѕампарини со тренерите.
Тој покрај Палермо, ги водеше Калјари, Пескара, Лацио, Џенова и Болоња.