Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2016

Палермо – седум тренери за сезона и пол

Италијанскиот фудбалски тренер Роберто де Зерби е поставен на клупата на Палермо, соопшти членот на Серија А.

Де Зерби го наследи Давиде Балардини, кој поднесе оставка по несогласувањата со претседателот Маурицио Цампарини и само по два натпревари во италијанскиот шампионат – поразот од Сасуоло (1-0) и ремито на „Сан Сиро“ со Интер (1-1).
Де Зерби е дури седми тренер кој Цампарини го доведе сметајќи ја и минатата сезона, а Бепе Јакини и Балардини по два пати ги водеа Сицилијанците.
Во минатата сезона екипата ја водеа уште: Валтер Новелино, Гилјермо Барос Скелото, Џовани Тедеско и Џовани Боси.

Најнови вести