Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2016

Цампарини го додели и осмиот отказ оваа сезона

Валтер Новелино е сменет од кормилото на Палермо по само четири натпревари, а на негово место се враќа Давиде Балардини.

Претседателот Маурицио Цампарини оваа сезона се надмина себе си, додели дури осум откази на тренерите.
Балардини веќе го водеше тимот оваа сезона, во првиот мандат не успеа да се задржи на клупата ни два месеци.
Освен Балардини, Палермо, оваа сезона беше предводен од Бепе Јачини, а освен нив двајца на клупата беа Фабио Вивијани, Џовани Боси, Џовани Тедеско,Гиљермо Барос Шелото и Валтер Новелино.
На шест кола пред самиот крај на сезоната во Серија А Палермо се наоѓа во зоната за испаѓање со ист број на бодови како и Карпи, кој е прв над цртата.


Најнови вести