05.3.2012 Јоветиќ ќе паузира две седмици
Стеван Јоветиќ, напаѓачот на Фиорентина, ќе паузира најмалку две седмици поради повреда на бутниот мускул, пренесоа италијанските медиуми.
Репрезентативецот на Црна Гора се повреди на вчерашниот првенствен натпревар со Чезена, кој „виолетовите“ го добија со 2-0.
Јоветиќ мораше да го напушти теренот по дваесет минути игра. Во досегашниот дел од сезоната тој настапи на дваесет и три натпревари и постигна дванаесет погодоци.
Фиорентина во моментов го зазема тринаесеттото место на табелата, со шест бода повеќе од Лече, кој се наоѓа во зоната за испаѓање.