Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2015

Балардини го замени Џузепе Јакини на клупата на Палермо

Италијанскиот фудбалски прволигаш Палермо го замени својот тренер Џузепе Јакини, а на негово место дојде Давиде Балардини, соопштено е на официјалната интернет страница.

Јакини доби отказ по променливите партии на почетокот на сезоната, и покрај триумфот од минатиот викенд против Киево со 1-0.
Балардини Палермо го водеше во сезоната 2008/09 и со клубот на Сицилија потпиша договор до јуни 2016 година.
Во текот на својата кариера тој беше тренер на Калјари, Лацио, Џенова и Болоња.
Палермо во моментов се наоѓа на 12-тото место на табелата со 14 освоени бодови.

Најнови вести