Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2013

Џенова го смени Делнери, Балардини нов тренер

Енрико Прециози, претседателот на Џенова, по втор пат оваа сезона го смени тренерот на клубот. Неуспешниот Луиџи Делнери ќе биде заменет со Давиде Балардини.

Од клубот доцна синоќа ја потврдија разделбата со Делнери, стручњакот кој ја презеде фудбалската екипа од Џенова на 24-ти октомври минатата година, откако Прециози ја откажа соработката со Луиџи де Канио.
Делнери во 13 првенствени дуели само двапати победи, додека девет пати изгуби и не успеа да ја придвижи екипата од зоната за испаѓање.
Нов тренер е Давиде Балардини, кој екипата на Џенова ја водеше од ноември 2010 до мај 2011 година.

Најнови вести