Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2012

Милан и Амброзини ја продолжија љубовта

Италијанскиот вицешампион Милан објави дека го продолжил договорот со капитенот Масимо Амброзини до 2013 година.

Иако се очекуваше тој да им се придружи на ветераните кои ова лето ќе го напуштат клубот, триесет и петгодишниот Амброзини вчера стави потпис на нов договор со „росонерите“.
Оваа сезона во Серија А искусниот играч за врска собра дури дваесет и два настапи и постигна само еден гол.
Амброзини на „Сан Сиро“ дојде уште во 1995 година од редовите на Чезена, а за капитен е избран пред две години, веднаш по пензионирањето на Паоло Малдини.

Најнови вести