Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2012

Петреску го презема Динамо Москва

Поранешниот романски репрезентативец Дан Петреску е именуван за нов тренер на Динамо Москва.

Петреску со московскиот клуб потпиша тригодишен договор, а финансиските детали не се соопштени. Романскиот стручњак пред неколку дена ја напушти клупата на друг руски прволигаш, Кубањ од Краснодар, со образложение дека му треба нов предизвик.
На клупата на Динамо ќе го замени Сергеј Силкин кој поднесе оставка по катастрофалниот старт на сезоната. Најстариот руски клуб во моментов е на дното на табелата со четири порази по четири кола и гол разлика 0-9.
Покрај во стручниот штаб, смена има и во раководството на клубот - за претседател на Динамо е именуван поранешен генерал на КГБ, Генадиј Соловјев.

Најнови вести