Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2011

Петреску продолжува со Кубањ до 2015 година

Дан Петреску, поранешниот одбранбен играч на Челзи и на романската фудбалска репрезентација, а актуелен тренер на Кубањ од Краснодар, го продолжи својот договор со управата на рускиот прволигаш до јуни 2015 година.

43-годишниот Петреску Кубањ го презеде пред две години откако ја одведе Униреа Урзицени до титулата во романското првенство, а тогаш потпиша петгодишна соработка. Сега таа е продолжена за уште една година, а и подобрени се финансиските детали на договорот.
Петреску и порано изјави дека неговите планови се врзани со Кубањ уште најмалку две години, но животна желба му е да се врати во Челзи, за кого како играч настапуваше меѓу 1995 и 2000 година.
„Никогаш нема да го заборавам периодот што го поминав на „Стемфорд бриџ“, па со тоа мојата цел е еден ден да се вратам таму како тренер или како менаџер“, рече Петреску чија екипа се натпреварува во плејофот во руското првенство.

Најнови вести