Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2016

Рамирес во Кина за 30 милиони евра

Играчот од средниот ред на Челзи Рамирес ќе го напушти Лондон и ќе се пресели во Кина.

Како што пренесува ББЦ, Бразилецот ќе помине во Џангсу Сунинг за 30 милиони евра.
Рамирес во Челзи дојде во 2010 година од Бенфика за околу 20 милиони, а во октомври потпиша нов договор на четири години. Меѓутоа настапи само седум пати во Премиер лигата каде бранителот на титулата во моментов се бори за опстанок.
Џангсу минатата сезона беше на деветтото место во Суперлигата на Кина, но постигна историски успех со тоа што го освои Купот.
Тренерот на овој тим е легендарниот Романец Дан Петреску, поранешен дефанзивен играч на Челзи.

Најнови вести