Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2012

Динамо Москва со нов тренер

Трите порази на стартот на рускиот шампионат, а особено последниот дебакл од 0-4 во дербито против Спартак го натераа тренерот на Динамо Москва, Сергеј Силкин, да си поднесе оставка, а на клупата ќе го наследи Дмитриј Хохлов.

Лошиот старт во новата сезона во руската Премиер лига во кој фудбалерите на Динамо имаат три порази без постигнат гол резултираше со смена на клупата на московскиот клуб.
„Поднесувам оставка со своја волја и со надеж и желба дека овој потег позитивно ќе ги размрда фудбалерите“, изјави сега веќе поранешниот тренер Силкин.
Негов наследник ќе биде досегашниот помошен тренер и поранешен руски репрезентативец Дмитриј Хохлов. Тој својата играчка кариера ја почна во ЦСКА Москва, по што настапуваше за Торпедо Москва, ПСВ, Реал Сосиедад, Локомотив Москва, а заврши во тренерскиот кадар на Динамо. За руската селекција има 53 настапи во периодот од 1996 до 2005 година.
Првиот испит за новиот тренер на моментно последно пласираната екипа во руската лига е во четврток во реваншот од третото квалификациско коло од Лигата на Европа, кога Динамо во Москва ќе го пречека шкотскиот Данди јунајтед. По гостувањето во Шкотска Русите имаат позитивни 2-2.

Најнови вести