Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2012

Динамо Москва го бара Вороњин назад

Пред десетина дена Динамо Москва го позајми украинскиот интернационалец Андриј Вороњин на Фортуна Дизелдорф, а сега го бара назад.

Рускиот клуб со Фортуна на 31 јули потпиша едногодишен договор за заем на Вороњин и притоа заработи 500.000 евра. Но во меѓувреме Динамо Москва го смени тренерот Андреј Силкин, а неговиот наследник Дмитриј Хохлов инсистира на враќањето на Вороњин, и тоа веднаш.
Според Германската фудбалска лига, клубот кој ги има правата врз фудбалерот, во овој случај Динамо Москва, може да врати играч од заем ако тој не одиграл ниеден службен натпревар за новиот клуб. Но, мора да плати оштета, во што својата шанса ја гледа Фортуна Дизелдорф.
„Ако Динамо ни понуди 10 милиони евра, ќе ја разгледаме понудата“, порача финансискиот директор на германскиот клуб, Пол Јегер.

Најнови вести