24.5.2013 Роби Крус ново засилување за Баер Леверкузен
Австралискиот репрезентативец Роби Крус е ново засилување за Баер Леверкузен со кој потпиша четиригодишен договор.
Според германските медиуми, Баер за дваесет и четиригодишниот фудбалер на неговиот поранешен клуб Фортуна Дизелдорф ќе му плати оштета од 1,5 милиони евра.
Иако засега уште нема официјална потврда на трансферот, Крус уште на почетокот на мај објави дека ги договорил личните услови со „фармацевтите“.
Во редовите на Фортуна Крус дојде во јуни 2011 година од Мелбурн виктори за оштета од 800.000 евра, а минатава сезона постигна четири голови и девет пати асистираше на 30 одиграни натпревари.