13.8.2012 Капитенот на Бенфика го нокаутираше судијата
Пријателскиот натпревар меѓу Фортуна Дизелдорф и Бенфика е прекинат и нема да се доигра поради инцидентот во 38 минута од првото полувреме.
Фудбалерот на Бенфика, Хави Гарсија, го фаулираше Оливер Финк од Фортуна Дизелдорф, а судијата досуди прекршок за Германците. Со таа одлука не се сложи Гарсија, а ниту капитенот на Бенфика, Луисао, кој се залета кон судијата и со удар со телото го урна судијата на тревата.
Судијата неколку моменти лежеше неподвижен, а подоцна видно растресен беше изнесен од теренот, а натпреварот беше прекинат и не се доигра.
По овој насилен потег на Луисао, сигурно ќе добие казна од повеќе меча суспензија.