Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2011

Божовиќ нов тренер на Амкар

Црногорскиот стратег Миодраг Божовиќ е именуван за нов тренер на рускиот прволигаш Амкар.

Ова е враќање во клубот од Перм, кој го водеше во 2008 година. Божовиќ веќе го одработи првиот тренинг со екипата.
Под палката на Црногорецот Амкар во 2008 година успеа да го освои четвртото место на табелата и да избори пласман во Лигата на Европа. Освен тоа, тој успеа да го доведе тимот до финале во рускиот куп.
По заминувањето од Амкар, Божовиќ работеше во Динамо Москва, кого го напушти во април годинава.

Најнови вести