Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2013

Судијата доживотно суспендиран поради напад на играч на Амкар

Рускиот судија Муса Кадиров е доживотно суспендиран бидејќи на првенствениот натпревар меѓу Терек Грозни и Амкар го нападна играчот на гостите, Иљу Кричмар, пренесоа руските медиуми.

Инцидентот се случи во неделата, на крајот на натпреварот, кога Кадиров, инаку Чеченец, го фрли знаменцето и втрча во теренот.
„Тргнав кон клупата, но ненадејно почувствував дека некој ми приоѓа од зад грбот. Ме турна на земја и почна да ме удира. Набрзо се придружија и фудбалерите на Терек, ме удираа по главата, ме давеа. За среќа, се вмешаа моите соиграчи и ме спасија“, изјави 18-годишниот Кричмар.
Кадиров рече дека Кричмар го навредил, а младиот дефанзивен играч на Амкар демантираше:
„Не бевме задоволни со судењето, разменивме неколку зборови, но ништо лично. Знам дека Чеченците знаат да бидат чувствителни“.