Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2011

Сисе сака да замине од Фрајбург

Сенегалскиот напаѓач во редовите на Фрајбург, Папис Демба Сисе, минатата сезона втор најдобар стрелец во германскиот шампионат со постигнати 22 гола, јавно изрази желба за трансфер.

„Едноставно сакам да заминам, Имам договор со клубот, но сакам да се пробам во некоја друга средина“, рече Сисе.

Минатата сезона повеќе голови од него во Бундеслигата постигна Марио Гомес, а оваа сезона дваесет и шестгодишниот сенегалски напаѓач почна одлично, досега постигнувајќи дури четири гола во три кола, па заедно со Клас-Јан Хунтелар ја дели првата позиција.

Во редовите на Фрајбург дојде во јануари 2009 година од Мец, а актуелниот договор го врзува до летото 2014 година.

Интерес за овој фудбалер покажаа Волфсбург, Тотенхем, Фулам, Терек Грозни и Рубин Казањ, а неговата вредност се проценува на 13,5 милиони евра.

Најнови вести